ретко (прил.) - бев (гл.)

18 На ѕидовите од собичката висеше врамено писмо од Samuel Beckett во коешто младиот Beckett ѝ се заблагодарува на Gail што го избрала за тема на својата докторска дисертација. Gail ретко беше дома, па времето повеќе сакав да го минувам во кујната одошто во собичката.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Имав само многу кратки моменти на среќа и многу ретко бев задоволна од себе си.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговите молитви ретко беа однапред смислени или формални.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со следувањето од сто грама тутун неделно, ретко беше можно лулето да се наполни до врвот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми беше верен читател, ретко беше критички настроен кон моите книги, секогаш имаше пофални зборови.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но езерото ретко беше бесно, ретко му идеше некоја лошина и бес што требаше да ги истури, а почесто беше мирно, спокојно, полно со светлина што одблеснуваше на куќата од Бандо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)