редовно (прил.) - му (зам.)

Додека стоеше овде во мракот, стегајќи го студениот метал на пушката во изѕемнетите прсти, да го прашаше некој зошто сега е тука, не ќе знаеше да одговори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Беше си пригодил сенце, шумичка за овците и козите, слама за говетцата и магарашките, та не пуштајќи ги на паша, бидејќи земјата беше бела, тој им скубаше сено од стогот и шума од лисниците и им фрлаше по трипати на ден и си лежеше испружен крај огнот во колибата, чурејќи си го лулето со убав канатларски тутун, што, заедно со лебецот, сланинката, сиренцето, грашецот и леќичката, редовно му го испраќаше Миша по комшијата Суклета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Душата му се лути на полјакот, дека не чува како што треба, иако се знаат, комшии се дури, и толку пати го честел со ракија и редовно му дава грозје да им носи на децата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
И по толку години, и сега како возрасен маж редовно му се повраќаше кога гледаше физичко и душевно страдање на луѓе предизвикано од насилство извршено од други луѓе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)