редовно (прил.) - користи (гл.)

Меѓутоа, иако многу рок и поп музичари редовно користат марихуана непосредно пред концерти и музиката ја изведуваат во состојба на повеќе или помалку изменета свест (во добра или во лоша смисла, сосем е сеедно), поизострена перцепција на звукот и благо изменета психо-моторика, односно изменети можности од инструментот да се извлече саканиот звук на оптимален начин, сѐ уште не може сосема децидирано да се тврди дали марихуаната ги подобрува или оштетува музичките перформанси на музичарите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Работодавачот кој редовно користи работници за ноќна работа е должен да ја извести инспекцијата на трудот (чл. 127, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ноќна работа се смета работењето во ноќно време, односно во периодот меѓу 22:00 часот и 6:00 часот наредниот ден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)