рано (прил.) - напролет (прил.)

„Ја почнал работата рано напролет и се надевал дека ќе ја заврши пред зимата, но, за несреќа таа година зимата дошла многу рано и тој морал да ја прекине работата со завршени само три потпори, од вкупно пет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со неа, босоног, само на ниски налани, небричен, нечешлан, распавтан, преку целото лето акаше по ридиштата низ гората, во полето низ нивите и низ бавчите, и надвор од Потковицата, низ мртвиците и низ блатата; во една голема кофа собираше треви, цвеќиња, инсекти, гуштерици, жаби, птици, ситни животинки, и пак рано наесен, заедно со птиците прелетници, откако ќе присобереше нешто од приходите на Имотот, и тој ќе исчезнеше со госпоѓицата негова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Некаде од Прилеп али од Битола, каде што живееја неговите подалечни сродници и каде што и сам имаше куќи и хотели или од Солун, од Софија, од Загреб, од Берлин, од Париз, од Лондон, каде што бил да ака, рано напролет, заедно со ластовичките, туку и тој ќе долеташе на Имотот и ќе довлечкаше со себе и една секогаш различна, но секогаш ситна и црномуреста граѓанка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)