Не се согласувавме баш секогаш околу многу прашања, ама сите спомени од моето рано детство се врзани со неа.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Монашки нишан:
сведоштвото на Лука Блажениот 29
„Има нишани што ги следиш
од рано детство
без да знаеш зошто:
- се будиш предзори
додека сосема не се повлекла
глувата сенка на ноќта
кога сѐ е разбиено на безброј дробни честички
сетен ситнеж кој подоцна ќе се склопи
во запрепастувачки складен
и топол мозаик, во фрески
по ѕидовите, по подот, на сводот
и сеќаваш
кревкото, кршливото
порозното, обезличеното
се преобразува во својата виша смисла
и ти се обзнанува:
ни еден слом не е алогичен!;
- тукушто си пркнал
уште дете, стануваш аскет
и заминуваш незнајно каде
само (посакуваш!) да биде тивко, молебно
створено и од природата, и од човека
за деноноќно бдение
за созерцание, вертикално понирање
на веда - од небеса до подземи
за живеење со жиг и жедба на монах
ни горе-ни долу
повеќе таму, одошто овде
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Никогаш не ја покажуваше грижата, а секогаш беше загрижена, и истовремено цврста.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)