рано (прил.) - рани (гл.)

СИМОН: Шест месеци пол година пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец. (Пауза.) Мајчице моја. (Пауза. Влегува Мими со Стево.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Рано рани бела Рада,­ бела Рада мома млада, на бел Вардар платно бели, платно бела две недели...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Во ровот, долго кашлање, а потоа тивко потпевнување: Митревица чеканката рано рани на утрина...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)