Само големиот часовник на ѕидот од кујната рамнодушно го клатеше своето клатно лево-десно и чукаше: тика-така, тика-така...
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Тие рамнодушно го слушаа и чудејќи му се на умот си велеа: „Од што ли се занесува толку Веле, кога сме еве и дење и ноќе капнати од умора?“
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Одглумив радост дека го гледам и рамнодушно го поканив да влезе.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Моите сопатници од земјата рамнодушно го слушаа говорот, небаре им беше упатен на други.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Актерот рамнодушно го гледаше, директорот со израз на клише и се проѕеваше, а режисерот нешто повторно запишуваше.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
На моите сопатници, посебно на младиот актер, умот им беше свртен кон најблиската кафеана и рамнодушно го погледнаа З.З.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Здраво, Ден!” Френк рамнодушно го поздрави својот брат, глумејќи како да не се случило ништо лошо, како божем брат му да се вратил од град по некоја извршена работа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дланката ми се потеше. Божидар рамнодушно го позеде баждарот со црните прсти и го прецени со студен поглед.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја видов само со една брчка над левата веѓа и рамнодушно го слушав колнењето на Самарија дека веќе не ќе застанам на нозе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Лесата носилка на водата рамнодушно го носеше кон селото.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)