Ова од причини што, иако за нас е сосем разбирливо работниците да бидат против овој или оној наводно „независен“ синдикат, истовремено ни е целосно несфатливо работниците да бидат против самиот концепт на синдикално [само] организирање!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, поради тесната партиска блискост и заткулисни пазарења на т.н. синдикални лидери со партиите од власта или од опозицијата, тие повеќе се грижат за политичката коректност на своите потези и изјави, отколку што водат грижа за вистин- ските проблеми кои секојдневно го тиштат работникот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
2) Недоверба на работниците во бирократизираните синдикални лидери и разочараноста од декоративната улога на „жолтите“ синдикати Овде треба да имаме предвид дека и денес, не само во високоразвиените западни земји, туку и во „земјите во транзиција“, синдикатите се далеку најголемата компактна политичка интересна заедница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)