И тогаш тие петмината, имајќи го пред очи сеќавањето на портретот на поетот со продуховено лице, здогледуваат старец качен на лулашка обесена на едно високо дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Госпоѓа Цимер останува покрај куќата, и им објаснува дека тој така се лула секој ден, секогаш кога не свири на пијаното во неговата соба, или му помага на нејзиниот сопруг во столарството; а младите луѓе не ја слушаат, му се приближуваат на старецот со избезумен лик, кој продолжува да се лула, се лула додека тие му поставуваат прашања за поезијата, за метриката, и за Диотима.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)