притоа (прил.) - ќе (чест.)

Ќе останам дури и сосема рамнодушен; се разбира во случај тие одговори да не бидат придружени со оние допири на аглите на нејзините усни што зачудувачки вознемируваат и речиси ме присилуваат да верувам дека сум сосема близу до проѕирните превези на првиот грев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во тоа долго надмудрување ќе ги сослушам па дури и ќе ги прифатам сите нејзини непотполни дури и нејасни причини и притоа ќе останам мирен но отсутен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак, не можев а да не заклучам дека Виктор е гласник на времето што веројатно еднаш можеби и наскоро ќе се сопина од насмевката на својата пренадувана надмоќ, како онаа божем голема вода што ќе се истури од единствениот залутан облак над жедното поле а потоа, откако ќе се најде на земјата, ќе открие дека е сосема мала, па ќе мора кутрата повторно да учи да оди и притоа ќе се сопина од секоја пенушка што ќе ѝ се испречи на патот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак ваквите не најдобронамерни досетки па и претпоставки беа без секакво значење кога ќе се споредеа со онаа голема и многу радосна вистина дека и Иван Степанович, после долго чекање и надевање, се стори со син.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, притоа ќе се насмевнеше, божем рекол шега а не обична вистина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)