71. Во октомври-ноември 1902 год., како претседател на ТМОК и како член-основач на МНЛД во С.Петербург, К.П.Мисирков имаше повеќе средби и разговори со најистакнатите словенофили во руската престолнина и притоа од прва рака ги дознае нивните ставови и спрема руската балканска политика.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)