Пустините и калифорнискиот песок секако дека    најнапред предизвикуваат шок, но дури кога тој ќе мине настапува оној    другиот сјај на патувањето, сјајот на претераната оддалеченост, неизбежната    оддалеченост, бескрајот од безимени лица и раздалечини, или со одредено    чудо создадени геолошки формации коишто всушност не сведочат за било    чија волја, а притоа ја чуваат недопрена сликата на пореметувањето.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 10“
              
              (1997)