Со измената од јули 2014 год.,127 се предвидува како обврзници за плаќање на придонеси од задолжително здравствено осигурување и пензиско и инвалидско осигурување да бидат и лицата кои остваруваат приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на договор за дело и/или авторски договор или друг договор (популарно наречени „хонорарци“) и притоа остваруваат надоместок повисок од износот на утврдената минималната плата.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)