Ако Рози умре дознавајќи дека тој ѝ ја предизвикал смрта во момент на слепило, но притоа знаејќи дека тоа го направил од љубов и каење, тоа може да го намали ѕверството на гревот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа она нејзино наметливо заблазнување заради некои божем неспорни љубовни односи помеѓу мајка ми и Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ми се беа врежале во споменот сите оние бладања на Огнена Гулева за ноќите под Сина Скала, кога во нашата куќа престојувала групата борци.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Немав заборавено ниту една поединост од средбата во возот. Наврапитото втурнување на Огнена Гулева во нашето купе.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност уште додека ја изведував импровизацијата на разговорот со Даскалов размислував за идното прашањето на иследникот и притоа знаев дека не постои причина да сокривам нешто и да не ја задоволам во потполност неговата желба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А притоа знаев дека неговото службено место е поткрепено и со посебни овластувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ете ја причината зошто Мирко Бунде, инспираторот на моите горчливи случувања, но и бескрупулозниот манипулант со туѓите судбини, го зазеде неоспорното прво место на листата на мојата одмазда.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
А притоа знаев, или бев со впечаток дека неговите прсти на рацете немаат нокти.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Всушност можеби само за да ме збуни а можеби и да ме исплаши повеќе пати ми имаше спомнато дека во текот на последната војна, службите на окупаторот, слични на неговата служба, ја практикувале специјалноста да им ги корнат ноктите на затворениците кои ќе се определиле за молчењето како начин на однесување при испитувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Напати тие се и деца кои се поигруваат со пакоста, па сакаат да ја потчинат за да им служи а притоа знаат дека јамката на зборот подобро од секоја вистинска јамка задушува.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)