прилично (прил.) - брзо (прил.)

Од деталите раскажани во врска со овој мој постојан сон толкувачот на сонови од оваа барака извлекол заклучок дека прогонувачот постојано се движел праволинејно а притоа и прилично брзо за да може да изведе и таква операција каква што е наведнувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само две-три педи поднаведни се ме советуваше тој и твојот прогонувач ќе профучи покрај тебе како заслепен бик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај, прилично брзо успеав да почнам оддалеку да ги разликувам ситните боцкави женски чекори од тромите газења на мажите, Во тоа бев толку напреднат, што по чекорењето успевав да ја одредам не само тежината на минувачот, туку и обликуваноста на таа маса.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Порано или подоцна ја добиваме, обично прилично брзо.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лошите момци не ја носат својата стока кај нас, но тоа го прават нивните муштерии.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)