Како нови основи фигурираат: а) одбивањето вработување со полно или скратено работно време, кое не е помало од половината од полното работно време, а е соодветно на образованието, знаењето и можностите на невработеното лице; б) прекинувањето на обука, преквалификација или доквалификација по вина на невработеното лице; в) исполнувањето услови 72 за стекнување право на пензија (покрај веќе постоечката основа која предвидува остварување право на пензија); г) затекнувањето на работа кај работодавец од страна на надлежен орган; д) неоправданото одбивање привремено вработување во исклучителни случаи (поплави, земјотреси, неопходно извршување на земјоделски работи и слично); ѓ) одбивањето работно ангажирање за вршење на јавни работи; е) одбивањето вработување на работно место за кое се бара пониска стручна подготовка од онаа на невработеното лице, а ако тоа, непосредно пред да остане невработено, со своја согласност, работело на такво работно место или изјавило дека прифаќа вработување и на понизок степен на стручна подготовка; ж) нејавувањето на покана на Заводот за вработување од неоправдани причини; з) небарањето активно работа во последниот месец и ѕ) неизвестувањето на Заводот во рок од осум дена за секоја промена која е услов или основа за стекнување, остварување или губење на правото на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Конкретно, со измената и дополнувањето од 2008 година парични- те казни за агенциите за привремени вработувања се зголемуваат од 100.000 до 200.000 (околу 1.600 до 3.600 евра) на 2.000 до 4.000 евра ако ги прекршат одредбите од член 18, односно: ако го прекршат склучениот договор за отстапување на работникот помеѓу агенцијата и друг работодавач и договорот за вработување склучен меѓу агенцијата и работникот кој се отстапува на друг работодавач за замена на привремено отсутен работник; доколку не се формирани според критериумите пропишани во законот; доколку почнат со работа без дозвола или вршат работа за привремено вработување надвор од земјата; доколку склучуваат договори за вработување над бројот на договорите за кои е издадена лиценцата; доколку платата на отстапениот работникот е помала кај работодавачот корисник на истите работи; доколку бараат надоместок за услугите од лицата кои ги вработува итн.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)