При една ваква дилема нели веднаш ќе ни се јават во сеќавањето голем број сограѓани што ги среќаваме речиси секој ден и тоа на исти или на приближно исти места: исти минувачи по улицата; исти продавачи пред исти продавници; исти жени покрај исти излози, или пред исти порти на куќарките во Чаир!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Додуша натрупаниот снег и едните и другите ги правеше приближно исти, само растреперената душа на Пелагија како да открија одвај забележлива разлика, некаков крцкот што не доаѓаше од тлото на земјата, туку негде од погоре, скоро знаеше кој ќе се појави со Танаско уште пред да се отвори вратата.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Многу други уметници во приближно истото време се служеле со истата техника како и Хјуберт и Јан Ван Ајк но со многу, многу поскромни резултати во апликативните естетски сфери.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нивното присуство на спомнативе места, зарем смееме да го сметаме за необично?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)