На Камилски, внимателно следен од Татко, колку и да настојуваше да биде лапидарен во изборот на заемките за османскотурската гастрономија, како што ја именуваше претходно самиот, му преостануваа уште многу, многу зборови извлечени од речниците, книгите, народните кажувања, кои ги забележуваше во своите големи патувања во земјата со еден стар германски магнетофон, купен на старо на скопскиот Бит-пазар.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
На моменти, додека се внесуваше во описот на јадењата, ја забораваше првичната цел да се изберат конечно стоте (без)опасни турцизми и запаѓаше во расправи, сакајќи да ја брани тезата дека постои сличност помеѓу синтезата на арапско-персиско-турската османска гастрономија и османскотурскиот јазик.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По приемот на одговорот на тужба, ако судот утврди дека меѓу странките не е спорна фактичката состојба и дека не постојат други пречки за донесување на одлука, судот може да донесе одлука и без одржување на рочиште.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, нема да се донесе ваква пресуда иако се исполнети таксативно наведените услови – ако судот најде дека се работи за барања со кои странките не можат да располагаат (чл. 319, ст.1-2 од ЗПП). 6. Секоја странка претходно сама ги поднесува трошоците што ги предизвикала со своето дејствие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)