Штом ќе се симнев од автобусот, ќе погледнев лево-десно да не случајно се најде некој што ме знае иако претходно во автобусот, 70 okno.mk обично скукулен во задниот дел, со внимателност и лукавост на инспектор ги согледев сите лица што се качуваа и се симнуваа на постојките а особено ги запаметував тие што повеќе од двапати се имаа довозено до таа “моја” последна станица.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Од овие закони претходно во оваа трудово - правна студија веќе се анализирани Законот за работни односи, Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за агенции за привремени вработувања, Законот за евиденциите во областа на трудот и Законот за вработените во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Се разбира дипломатскиот балет е необична синтагма, но никогаш не сум помислувала дотогаш колку е смешна нејзината конотација во контекстот што го означува.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Д-р Кирил Чавдар, „Видови тужби во работните односи“, достапна онлјан на http://www.akademik.mk/wp-content/uploads/2012/06/ Vidovi-tuzhni-za-zashtita-vo-rabotnite-odnosi.pdf. 99 Во Рев.бр. 578/07 од 03.07.2008 год. на Врховниот суд на РМ, ревизија не е дозволена во спорови од работен однос кога престанокот на работниот однос е заменет со парична казна, додека пак со Рев. бр. 799/2008 од 29.04.2009 год., ревизија не е дозволена во спор од работен однос за утврдување на престанок на работен однос. 100 Услов за поведување на спор од работен однос пред надлежен суд во РМ е претходно работникот да барал заштита кај работодавачот согласно чл. 91, 93 и 181 од ЗРО (2005), освен во случаи кога се работи за парично побарување. 97 106 последици за процесните странки, го прави токму тоа, а досегашната пракса покажува дека работниците и натаму се соочени со долготрајни судски постапки со што правото на судење во разумен рок сеуште отежнато го остваруваат.101 ЗАКОН ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА Законот за јавните претпријатија (ЗЈП)102 во периодот обработен во студијата има претрпено пет изменувања и дополнувања, по еднаш во 2010, 2012, 2013 и два пати во 2014 година.103 Со овие рогации до обемни измени дојде кај положбата на работниците во јавните претпријатија, која претходно во овој закон беше регулирана со два члена (37 и 37-а), а по ново оваа материја содржи вкупно 30 членови, со што уште еднаш се покажа дека првичната намера на законодавецот со носењето на овој закон не била на посуштински начин да ги регулира правата на работниците кои се вработени во јавните претпријатија, туку тоа го прави со 16-годишно задоцнување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Колку што настојуваше генерално да го согледа текот на настаните во светлината на ангажманот на Европската унија и САД, заплашена тие да не се претворат во војна како претходно во Босна, Хрватска и Косово, таа беше силно внесена и вникната во мојата судбина како човек и писател на една балканска семејна хроника во текот на XX век.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во право си, пријателе Камилски, овдешните конверзии немале инквизициски последици, како претходно во Шпанија.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓутоа, претходно во Солун тој се зближил со ЦК и му ветил на Матов дека ќе го информира за цариградскиот канал.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
И овде семејствата од две различни религии живееле во меѓусебна почит и толерантност, заеднички ги славеле сите верски празници, го почитувале светилиштето на другиот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)