претходно (прил.) - бил (гл.)

На патот повторувам на патот Велес Хуните поправиле шест мостови кои претходно биле уништени од партизаните“.249 На 19 септември британската воена мисија Bethesda го извесува Force 399 дека “Прилеп сé уште се напаѓа.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кога пристигнале кај вас, дали претходно биле во Југославиа каде и кога, зборуваат на нашиот јазик, или поединец кој не е во врска со нашиот штаб“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Постои случка во која Стивен Милиган (Steven Miligan), пратеник во Парламентот на Британија, е најден мртов со кеса преку главата и со портокал во уста кој претходно бил натопен во амил.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Но, за чудо, тужбеното барање на Зефиќ беше одбиено како неосновано, а секоја странка беше задолжена да си го сноси својот дел од трошоците!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа потенцира дека е крајно незадоволна од недоличното однесување на судијката- претседател на советот (Л. Ивановска) – за време на парницата, таа како да имаше аверзија од тоа што Зефиќ 76 претходно била директор на КПУЗ- Скопје и, за време на распитот во својство на странка, цело време тенденциозно ја опструираше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Околу пресудите на 92 Основниот и Апелациониот суд во Битола, Ѓорѓиевски ќе додаде дека многу не го изненадиле, со оглед на фактот што има сериозни сомневања оти судиите суделе во корист на бугарските газди, откако претходно биле компромитирани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во март 2010, повисокиот судски совет (во состав од судиите: Љ. Нешкоски – претседател, П. Јадровска и А. Настевска – членови), донесе второстепена пресуда со која жалбата на Ѓорѓиевски ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд од Битола.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, работодавецот не може да користи средства од Фондот за лице за кое претходно биле користени средства пред истекот на три години од неговото вработување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Интерните акции беа укинати, а оние кои претходно биле купени, работниците не можат да ги продадат до нивното трансформирање во обични акции.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Умот и интелегенцијата ја создаваат креацијата, и тие се во движење, претходно биле родени.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)