премногу (прил.) - среќен (прид.)

Напати и ќе си речев: не ќе да е случајно ова. Некој висок ги реди настаниве.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не ѝ велам, ако, плачи сега, зар малку јас плачев цел овој месец без тебе, не си мислам така од што сум премногу среќна, инаку би требало одмазднички да се чувствувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Празникот едноставно ќе наидеше како драг гостин и јас ќе бев премногу среќна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Под неговата власт народот не беше премногу среќен, но ниту несреќен.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)