предоцна (прил.) - и (сврз.)

Станав предоцна и задоцнив на училиште; влегов во класот без да чукнам на вратата; беше понеделник и имавме класен час кај Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас е јазик јаз'к да ми е ако не кажам што гледам што слушам ако не кажам што правам што направиле од мене што насетувам што насетиле и без мене и по мене за да има сеќавање јазикот ако не кажам кој се огрешил во име на народот, во име на Бога со предумисла со завист од зловолја во злодоба кој понижувал, истребувал, казнувал жива сода прскал со жив збор во очите на бедните и блудните крстените и недоречените слобода кој презирал не давал одземал кој се повлекувал предоцна и без крепост кој се тешел, кој се правдал ако зло правел - зло не кажал јавно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оној ден кога требаше да тргнам на мојот прв училишен час, стравот ме натера да ги измолам моите родители да ми дозволат да останам дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)