За првпат по десет дена излезе на пајдос во дворот и виде светлинка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
За првпат по толку години тој заборави на присуството на телекранот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како ќе се сретнам денеска за првпат по ова кога ќе се вратам дома, како ќе се погледнеме.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
- Кој ќе даде воле во туѓа запрега?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Јас ќе се здружам со тебе, првпат проговорил Онисифор Мечкојад, можеби навистина првпат по бесењето на селскиот призрак Јаков Иконописец - Една воденица, двајца стопани.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повеќе Сојузниот министер за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар никогаш не го видов.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првпат по многу години зедов билет од Белград за Скопје во еден правец...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првпат по толку пат Дедо Мраз ги стопира елените толку навропито што санките се испоудираа, а од нив се исполизгаа многу работи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Кога го видов првпат по смртта на Софи, брат ми седеше неподвижен, со погледот закован некаде во средината од масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Штом слушна дека започнуваме разговор за Софи, рече: “Нема поголема несреќа од тоа да се надживее сопственото дете.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Се најдоа, првпат по војната, и новинари од светските новински агенции, чии имиња постојано ги слушаме на нашите радиостаници.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)