Повеќето од жените на козарите првпат во животот се беа промениле во чудесните народни носии, полни срма и сребро, блеснати во преплет со прекрасни и невидени бои, од црвено-модрикава до жолто-зеленикава, бои што можеа да се видат само во планински предели.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тие првпат во животот го видоа Чанга како ги брише солзите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Чанга му рече категорично дека првпат во животот некого моли, па најпосле татко ми, гледајќи нè нас децата, попушти.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бев многу загрижена, а истовремено првпат во животот се обидов да ја гледам светлата страна.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Ќе и дадат малку крв, инфузија и ќе и биде подобро!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во ноември Дорс дојдоа првпат во Њујорк и свиреа во Ондин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Но таа ноќ, додека зборувавме во Ондин, беше едноставно елегантен во црно и бело и имаше нешто тажно во него.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Вечерта дојде Јон. Мајка ми и татко ми, го повикаа дома, за првпат во приемната одаја.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Една недела таа ги пушти да стапат првпат во нивната соба, што стариот не би го дозволил лесно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Како што во песните од „Две тишини“ за првпат во творештвото на Поетот каменот (о)станува сал камен, така и воведните есеи допуштаат птицата на песната да слета на зборовите уште пред да се „опеснат“, фрлајќи сенка врз сѐ што се премолчало, што истекло од мислата, а не се влеало во зборот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
„За првпат во модерната уметност, на прагот на цивилизациската заостанатост и резигнацијата на индустриското општество, една архетипска концепција стана клучен настан при поврзувањето на нашата рационална сегашност со нашето минато.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Та како да не се збуни, кога првпат во неговиот жнвот го канат вакви луѓе!...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Тоа му е првпат во животот да оди на лекар, - рече дедо Димо.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Пред таков избор, првпат во животот, Баге не знаеше што сака, па ги загрчи рамената небаре учениче - прволаче со шарена картонска торба на грбот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Првпат во животот ме фаќа страв од тоа да останам сама. Сега ме разбра?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така Баге, по првпат во животот, посегнувајќ и по непромислен потег, не згреши - ни во моментот ни во последиците.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Мене колку ми е познато овој термин за првпат во размислата за поезијата го воведува Осип Мандељштам во есејот „Испад“, во кој дефинира неколку виални состојби во руската поезија и поезијата, воопшто.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Откако дадов таков предлог, првпат во животот ја видов Луција заинтересирано да гледа во мене.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На страницата на културната рубрика стоеше изјава на министерот за култура: „Нема средства за џез-фестивалот“, изјавуваше тој, а во текстот стоеше: „Годинава, за првпат во петнаесет години, нема да се одржи градскиот џез-фестивал, на кој требаше да гостуваат реномирани светски уметници“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се наведна, го зеде клучот, и за првпат во животот рече нешто што никогаш не имал кажано: оправдание.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но иако срцето ми биеше, за првпат во животот јас не сакав на полпат да останам, со средните духом.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потем седна и за првпат во животот запали цигара; ја извади од фиоката на своето биро и ја запали.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Те фрапира ли студенилото на ќерка ти кон тебе или студенилото на љубовникот или на љубовницата?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Следователното признание на Веда Милдред го дочекува со еднаква искреност, во оној нејзин сјајно кампски одговор (што може да се повторува и преизведува во најразлични околности): „Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински и евтина си и ужасна си“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, привлечноста на овие сцени за геј-мажите произлегува од нивното лично препознавање на вртоглавата, силна смелост на онаа шеметна решителност кога најпосле ќе се наканите да го изустите она што толку долго ви се собирало внатре.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Списокот на оригинални дела од геј-мажи што за поаѓалиште ги земаат стрејт-општеството или главнотековната култура може да се проширува речиси бескрајно.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во ваквото (типично постоунволско читање), пресудниот праг се преминува кога Веда ѝ вели на Милдред, со измешани пакост, провокација, агресија, инсинуација и заводливост: „Сигурно ли сакаш да слушнеш? [Милдред: „Сакам“.] Еве, тогаш, ќе ти кажам“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
КАДАР (6) назад на (1)
ВЕДА: Ќе можам да побегнам од ќумезов и од петпарачкиов мебел, од градов и од неговите распродажби и од неговите жени во униформи и од неговите мажи во комбинезони. [Се враќа кај масата, го зема чантичето.]
МИЛДРЕД: Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински и евтина си и ужасна си.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Џејми О’Нил ја презапоседнува ирската републиканска историја за геј-ослободувањето и за машката геј-љубов во својот роман Кај Пливале, двајца момци (At Swim, Two Boys, 2001), чиј наслов упатува на еден претходен, класичен, негеј-роман од Флан Обраен.*435 И најуспешното дело на Мајкл Канингам, Часовите (1998), изгледа најгеј не кога се труди да ги прикаже машките геј-ликови, туку кога авторот се обидува да пишува како – или, впрочем, да биде – Вирџинија Вулф – некако како Руфус кога ја канализира Џуди.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Немој само да им негодуваш. Нека почувствуваат колку те шокирале, колку те разочарале, колку ништо во животот не те подготвило за таа нивна немила неблагодарност за која се виновни.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кажи им, со надмен презир, „(Веда), Веда, стварно како првпат во животов да те гледам вистински“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разликата меѓу овие две верзии на машката геј-култура може да се сфати во смисла на поширока разграниченост (иако, одново ќе кажам, нехерметичка) помеѓу културата и поткултурата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Слично така, во Летот на една стрела (An Arrow’s Flight, 1998), Марк Мерлис нуди геј-прераскажување на Падот на Троја и приказната за грчкиот јунак Филоктет – иако може и да се разбере дека создава хомерски мит за Виетнамската војна, за геј-ослободувањето и за почетокот на епидемијата на ХИВ/сидата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Меѓутоа, треба да се разграничи меѓу оној вид геј-култура што се состои од нови дела од (во случајов) геј-мажи што за првпат во историјата непосредно, отворено и експлицитно се осврнуваат на машкото геј-искуство како што се живее, односно како што може да се живее (или можеби се одживеало), од една страна, и оној вид геј-култура што паразитира врз главнотековната култура.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но за да се достигне целосно таа состојба, сигурно е потребно многу учење и вложување голем напор од оној што ќе реши да се просветлува – загледан во старецот како да слуша, првпат во животот, необична животна лекција, се поднакашла, во знак на откажување од намерата да учи понатаму, и продолжи: - Чувствувам недостиг на ентузијазам.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
За првпат во животот го слушна татка си како пцуе.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
И можеби за првпат во својот живот, тој, кому и помислата на Бог му беше подеднакво туѓа како и онаа дека потекнал од мајмун, се помоли.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Му зборуваше за татко му, за првпат во сите тие години, таму, во дневната соба на нејзиниот маж.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Првпат во неговиот поглед, низ стравот, пробива и омраза. Излегува.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Адреса? - Првпат во животот го гледам. - Првпат? - Жими Бога.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Кому му го продаде столчето? - праша Остап со ѕвонлив шепот. Овде Паша Емиљевич, имајќи натприродни сетила, сфати дека сега ќе го тепаат, можеби дури и со нозе ќе го газат. - На прекупец, - одговори тој.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Но, кај овој човек, што беше поразен првпат во својот век, поразот беше бескраен, вечен.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Змејко истрча, и првпат во животот го виде оној старец испотен и заздишен. Блед.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Капетанот за првпат во својот живот имаше сила само да процеди два збора:Имало Господ!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тоа беше чудо: првпат во нејзиниот живот ја разбираше маж, кој ја слуша со сета своја душа и не очекува во замена да спие со неа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Од вратата ѝ даде бискупски благослов и замина засекогаш. - „Верувај ми“ - беше последното што ѝ го кажа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Попот (да не остане со неспомнато име и презиме -Георги Тушев) не беше во Кукулино неколку дни и се врати, рекоа во дебарска бања, блед, со стуткана брада, првпат во својот четириесет годишен живот сличен на шумски посник што клечи на камен и со склопени очи се мачи да ги досогледа тајните на светот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кога Татковата мајка појде во 1937 година за првпат во Турција кај нејзините сестри и внуки, заминати во Цариград уште во султанските времиња, тие се чудеа на бабиниот егзотичен јазик преполн со неразбирливи, за нив егзотични (арапски и персиски зборови).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Р.Јакобсон забележува во кои услови се остварува таа духовна синтеза: „Започнува (во текот на XVII век - заб. моја) секуларизацијата на пишуваната литература; првпат во историјата на Русија се прави обид да се пишува световна литература.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Му покажуваа ретки вештини за да го вратат во живот и кога се уверија дека тој ги гледа како да се најнезанимливото чудо на светот, се распашаа и првпат во животот станаа насилници.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Во првите денови на јуни 1967-та како млад новинар се најдов првпат во Тунис.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Напливите на исламскиот фундаментализам, по светската петролејска криза во 1973 година, во земјата во која за првпат во муслиманските земји на арапските простори, по радикалните реформи на Ататурк во Турција, по реформите и лаицизацијата на општеството, замислени и спроведени од таткото на нацијата Хабиб Бургиба, започнаа да ја разделуваат земјата и да ги загрозуваат фундаменталните придобивка на револуцијата на Хабиб Бургиба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
За првпат во животот влегував во подморница! Беше тоа чудно чувство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Стефан Цвајг Долго време во мојата свест одекнуваше зборот матанѕа, кој го слушав за првпат во животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Палестинците пак ќе се најдат во стариот порочен круг на неизвесноста на мирот и војната, на нов крстопат на блискоисточниот лавиринт...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но и немилосрдно ги отфрлува тие што не ги избрала, колку и да била голема нивната моќ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На Винстон му помина низ главата дека ова е првпат во животот како гледа, со знаење, во член на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Иако Партијата, во согласност со обичајот, го присвојува пронаоѓањето, атомските бомби се појавија првпат во почетокот на четириесеттите години на дваесеттиот век и првпат беа употребени во поголем број десет години подоцна.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така е подобро другари, така е многу подобро“, додаде таа охрабрувачки додека Винстон, со жесток напор, за првпат во последните неколку години успеа да си ги допре ножните палци не свиткувајќи ги колената.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не беше во прашање само можноста да се загуби централна Африка: за првпат во текот на целата војна беше загрозена територијата и на самата Океанија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
За првпат во животот тој не почувствува презир за проловите, ниту пак мислеше за нив како за неподвижна сила која еден ден ќе оживее и ќе го обнови светот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
15 март Бојан, првпат во животот одам на патување, а да не се радувам, солзите си течат ли течат…
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
1. Промени во законската регулатива настанати со донесувањето на ЗВРС во 2007 година Со носењето на ЗВРС во 2007 година за првпат во РМ се донесе закон, кој после стекнувањето на независноста ја регулира оваа материја.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Да се отиде првпат во села кои досега останале неограбени, тоа е редок случај.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Поп Петко фати аргати да се собере бериќетот од Биновите ниви и Крле беше зафатен како сите деца за првпат во својот живот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Би рекол дека е ова, белки првпат во историјата на светот, кога секој точно знае што ќе прави следната ноќ.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Отидов првпат во Америка во август 1938-та, по снимањето на Дамата...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Моменталната можност што ѝ се даде на оваа култура умре 1968-та, нешто подоцна прогресот на високата уметност и музиката од улицата дивергираа за првпат во деценијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа би било доволно; собата, каучот и камерата како симбол на моментот кога бариерите беа тргнати и кога заборавениот дел од светот и општествениот талог позираа пред постојано вклучената камера на Енди, како што некогаш шпанскиот двор се развиваше пред ледениот поглед на Веласкез. 154 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
(...) Како и да е, неуспесите на Ворхол имаат помалку пресудно значење за она што остана од Фектори сега, а тоа е идејата за слободна популарна уметност - пракса на музика, зборови и слики која прибрано ги урива постоечките критериуми, која го одбира својот пат низ антидатираната комерцијална забава, и ароганцијата на институционалната доблест до некои колоквијални синтези. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 153
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За првпат во гратчето беше донесен специјален жив џубокс.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
За Македонците во рамките на Југославија оваа историска одлука значеше дека тие за првпат во периодот од пет века добија право на самоопреопределување и национална независност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
На крајот Меморандумот завршува со надеж дека Владата на САД, "заедно со Владите на нашите големи сојузници - Советскиот Сојуз и Велика Британија, ќе ја увидат вистинската цел на македонскиот народ и ќе му помогнат да го оствари долгогодишниот сон за слободна и обединета Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се насмевна и таа и за првпат во овие неколку череци од времето, ги огреа радост.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За првпат во животот почувствував дека го добив тоа што го посакував цел живот, дури и како дете во прегратките на старата слива.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
А воедно кога почна да се чини дека може техниката со телевизијата и компјутерските мрежи да се погрижи сето знаење да дојде во секој дом, тогаш потрошувачката логика ја уништи културата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Откако занаетчиското посредување на енциклопедистите го заменија Џебните книги, видео касетите и банките на податоци, нема веќе материјални пречки за ширење на Просветеноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секако: индивидуите не се лишени од осознавање; напротив: можеме да речеме дека првпат во историјата на Западот непосредно е на располагање целокупното духовно наследство на човештвото.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Влезе во една од поубавите продавници во центарот на градот, но бидејќи тоа беше нешто што тој го правеше првпат во животот, застана пред вратоврските со чувство како да згазнал во небрано.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И кога дојдовме првпат во Гревена, јас отидов таму.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ја видов првпат во нејзината прва форма, во нејзиното престорување и присторување?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Првпат во својот мравешки живот со игра и свирка ја дочекуваа Новата година.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)