првпат (прил.) - дојде (гл.)

Надворешниот човек, за првпат дојден во гратчето, ќе се изненади од толкава тревога.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Му остана желбата да одлучува, притисната некаде во темните места на душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ќе се удави! - ќе се чуеше престрашен глас на некоја жена што сигурно ова попладне првпат дошла на плажата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кога сестра ми Роза за првпат дојде да ме посети, седевме на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа постојано минуваше со дланките по својот голем стомак, како да го гали.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа депресивна атмосфера во која го најде потонат градот кој онака жив и разгргорен, ориентално темпераментен каков што го пречека кога за првпат дојде во него и кого и рабинот го поимаше како капија на Истокот, како европско предворие на Леванот и Бисер на Ориентот, свесен зошто го нарекуваа и Мајка на Израелот и Втор Ерусалим, сега при второто враќање во Солун го доживува како старо, разурнато гробје.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)