првин (прил.) - сака (гл.)

Татко ми со години го криеше неговиот глас, првин од нас, неговите деца, од мајка ми, за да не сее премногу немир во нашите души, првин сакаше да ги филтрира тешките пропагандни пораки, кои секогаш целеа да ги доградуваат душите на луѓето како со чекан.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првин сакала да се запали, ама не ѝ фатил кибритот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од запуштеното огниште излегува чад; ќе го отворам прозорецот ширум; но првин сакам да го видам болниот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првин сакаше да расчисти со најкарактеристичните заемки од областа на трговијата, кои би можеле да се најдат на листата на (без)опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко првин сакаше Игора Лозински да го запознае со својот животен проект, да ја пишува својата историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во својата незавршена историја за Балканот, Татко првин сакаше да ги претстави битните географски координати на кои би се надоврзале историските.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)