првенствено (прил.) - од (предл.)

Како прво, неговата идеја за буржоаската јавна сфера, како форум на рационална критичка дебата за јавните прашања во која учествуваат приватни лица кои во своите одлуки се водат првенствено од аргументите а не од статусот или традицијата, е повеќе нормативен идеал одошто реалност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Потоа следат и неколку слатки, приготвени првенствено од млеко, како сутлијаш, сутлаш (од турски sütlaç).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И за означувањето на неколку млечни производи се употребуваат и денес, и тоа постојано, неколку заемки од турскиот јазик: кајмак (турски kaymak); јогурт (од турски yourt).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зголемената комуникација, учество и рационална критичка дебата за вредностите и нормите кога се прави реконструкција на општеството Хабермас ги смета за лек против „патологиите на животниот свет“. 102 Simone Chambers, “The Politics of Critical Theory” in The Cam- bridge Companion to Critical Theory, ed. Fred Rush (Cambridge: Cambridge University Press, 2004), 232. 103 Stiven Best Daglas Kelner, Postmoderna teorija (Skopje: Kultura, 1996), 340. 90 Хабермасовата мошне влијателна дисекција на капиталистичката модерна во процесот на нејзина транзиција од либерален капитализам кон социјална држава може да се проблематизира на повеќе основи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
И покрај некомпатибилноста со нашата внатрешна легислатива, особено од сферата на македонското деловно и трговско статусно право, кое воопшто не ги познава и не оперира со зборовите „претпријатие / компанија / фирма“ – сепак, авторите на оваа студија решија да ги употребуваат овие 221 термини, првенствено од практични причини.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Страни на овој договорот се рабо- тодавачот и работникот (чл. 16, ЗРО). 3.  По осамостојувањето на РМ, со носењето на првиот македон- ски ЗТД (1996) – беше дерогиран терминот „претпријатие“, воведен со поранешниот сојузен Закон за претпријатија (1988) и се воведе само генеричкиoт термин „трговски друштва“ – во сите негови за- конски форми (ЈТД, КД, КДА, АД, ДОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)