Таков студиец, првенствено во однос на еден од мајсторите на светскиот расказ - Исак Бабел (...) Тоа угледување му помогна многу да стане мајстор на наједноставно искажани најпотресни човечки состојби.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Ако воопшто постои поетско исцелителство, тоа мора да се бара првенствено во вокалите, во тие најпречекливи, најпросторни и најкомфорни гласови во кои најдолго може да се биде, но и најдолго да не се бива,.. во кои зборот најдолго може да престојува, но и низ кои мора да мине кога да заминува во молкот. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)