А, впрочем, еден ироничен однос, т. е. односот кон драмата на гледач што е истовремено и внесен во неа и оттргнат од неа – во случајов, особениот однос на геј-гледачот кон женската мелодрама – може да биде најдобрата, можеби најдобрата возможна одбрана од задушната емоционална клаустрофобија на семејниот живот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи е, како што е, постојано место на мелодрама, семејството практично налага да го гледаме од иронично гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е битно дали даденото семејство е она, твоето, од кое потекнуваш, дали е семејството што си си го избрал или ти е новосоздаденото геј- или лезбејско семејство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)