почесто (прил.) - и (сврз.)

Така, на пр., во едно писмо од бугарскиот „трговски агент” од Солун А.Шопов од 26.10.1903 год. до бугарскиот министер-претседател Р.Петров меѓу другото се вели: „Некои кругови на овдешнава Внатрешна организацнја сѐ почесто и посериозно зборуваат дека некои од началниците на таа организација влегувале во спогодба со српската влада или со некои кругови во Белград за заедничко дејствување во Македонија, но со јасни разграничувања на интересните сфери.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
За жал, со текот на времето, како сѐ почесто и почесто се гледавме и се дружевме бидејќи навистина ми се допаѓаше, јас почнав да размислувам за врска.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Шишман на братучедот се надеваше. Се воздржа макар што рече, ама сѐ почесто и почесто погледнуваше кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но, сполај ти, господе, започна тоа да го прави почесто и пред луѓе, и ние си ги гризевме усните, си го гризевме срцето...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Прво, денес сѐ почесто и погласно слушаме залагања за „организирана народна културна дејност“ (тука, се разбира, мислев на Луција, која како навиена го прочита својот говор на приредбата, кој почнуваше токму со таа фраза).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одев почесто и престојував подолго во текот на летните месеци 1961, 1962, 1963 и 1964.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)