Ако само се потсетиме на оние најголемите, па и на наполно споредните во нашиов извештај - Понтормо, Пармиџанино, Росо, Бекафјуми, Луцио Лузи, Шон, Греко, Тинторето, Камбиасо, Арчимболди - да останеме само на нив, јасно е: секој од нив на потполно единствен и особен начин е подреден на “маниристичкиот” закон.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Мошне веројатно, тие не се “амблеми” за политичко-социјалната сложеност на одреден период, туку за една сосема специфична психолошка состојба на безизлезност, за особениот страв, поточно, за уметникот кој го открил фантастичниот карактер на делириумот на соништата (во надреалистичка смисла), при што на самиот Десидерио веројатно му било сосема сеедно кој против кого војува.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)