” Погледнете ја оваа соба - низ прозорците не се гледа ништо.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Според мене, филмот е мошне богат медиј, неверојатно богат, кој е потполно во состојба да излезе накрај со повеќеслојните значења како во буквална така и во метафоричка смисла.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Дали тоа беше некој вид збогување, или Артистот, веќе потполно во својот свет, си се смееше на својата последна, најуспешна шега?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Сиромаштијата изгледа нема профил, нејзиното е потполно во траењето, и не е дар, ниту дописница овој гулаб што потскокнува по заледениот светилник.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во меѓувреме Хичкоковата популарност сѐ повеќе растеше: тоа беше едно од оние среќни времиња кога публиката беше потполно во право.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ваквиот заклучок е потполно во согласност со наодите од поранешните студии: кога дрогите им се даваат на неподготвени и некреативни личности, резултатот ќе биде убедливо негативен - иако личноста во тој момент може да се чувствува многу покреативно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Потоа, повторно го почнуваат сето тоа, но овој пат менувајќи го користењето на објективот, и сцената е, значи, снимена во општ план, потоа, потполно одблизу, потоа потполно во гро-план.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)