потоа (прил.) - кон (предл.)

Еден дел од овие гени и хромозоми, можеби, својот почеток го имаат во далечната Анадолија, за да се вкрстат со други, во срцето на Балканот, во Прилеп, па потоа кон нив да се вклучат други, некаде од областа Сул, крај Јонското Море, за да продолжат кон бреговите на Езеротои, оттука, да започнат нов балкански круг.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Гледаше потоа кон реката, во пределот каде што, според претпоставките, Јустинијан го преселил градот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
По заземањето на Прилеп британската воена мисија Bethesda на 23 септември 1944 година го известува Force 399 дека “германските трупи сега се враќаат по патот од Скопје кон Градско, а потоа кон Прилеп-Кичево и кон југ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
51. Токму тоа и се случи подоцна: првин се одеше кон поделба на Македонија на сфери за влијание, а потоа кон поделба на териториите, коешто и доведе до новиот “Договор за пријателство и сојуз помеѓу Кралство Србија и Царство Бугарија” од 29.2.1912 год. што всушност, како што вели М.Миловановиќ, беше “српско-бугарско-руска балканска спогодба”, бидејќи беше постигнат со активното посредство на Русија и бидејќи пак рускиот император беше признат како врховен арбитар за сите спорни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Големиот булевар што води за Књажево и кон патот за Ќустендил, потоа кон Скопје, е „булевар на розите“, а кога цутат, миризмата пријатно опива.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Несвесно се сврте од автобуската станица и заскита во лавиринтот на Лондон, најнапред кон југ, потоа кон исток, потоа кон север, талкајќи низ непознатите улици и не грижејќи се во кој правец оди.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Многу едноставно се подготвува тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како го правите, живи бога? погледна Камилски кон Мајка, а потоа кон сопругата Камилска, која го следеше претпладнето приготвувањето и печењето на тикушот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Очите ѝ отидоа кон Даниел, потоа кон Боб, а потоа кон остатокот од питата што беше во чинијата, и имаше нешто непомирливо меѓу тројцата и неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Покажала зад себе, потоа кон кубурата во појасот на еден од нив и, одвојувајќи од стиснатите тупаници прст по прст, со безгласно мрдање на усните избројала до шест.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Објаснувала со раце зошто дошла, составувала реченици со движења, полека и одмерено, онака како што се разбирала со родителите и со врсниците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој веќе патуваше кон Париз, па потоа кон Њујорк, на висока функција во ООН, како еден од помошниците на генералниот секретар, задолжен за специјални мисии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остатокот на мисијата: предавањето на пораките во Мароко и Тунис ја губеше првобитна смисла и замисла без семоќниот дипломат, добриот човек Лакхдар Ибрахими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Полјакот постоја малку како живинка што одненадеж покиснала, а потоа кон луѓето `рзна заканувачки и се загуби надолу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тој е насмевнат надмоќно, гледа првин во вратата зад која побегна Иван, па потоа кон собата на Неда. Вади цигара и пали.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од 1961 година, кон крајот на август, во овој мал град се одржуваат Струшките вечери на поезијата: на мост на истекот од езерото, каде што се формира Црн Дрим, се читаат песни од поети од светот, таму каде што јагулите-женки го почнуваат своето патување кон Средоземното Море потоа кон Саргасовото Море, кога се ближи времето на затворање на животниот циклус.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Големото тркало со шуплива внатрешност кадешто Боб ќе живее шест или осум месеци, тргнувајќи потоа кон месечината.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)