Марсел Дишан 1919 г. врз главата избричи тонзура со ѕвездест облик шеговито тврдејќи дека уметникот може да стане уметност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Пиеро Манцони отиде чекор потаму, претставувајќи го биолошкото тело на уметникот како уметност: „Во мај 1961 произведов и потоа во 90 конзерви ставив ‘гомно на уметникот’ (по 30 грама во секоја) со природен конзерванс (made in Italy).“ (Manzoni, 1962.)
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Досега Уставниот суд реши да поведе постапка за оценување на уставностa во три случаи и во сите три исходот е позитивен – постапките завршија со носење касаторни одлуки за укинување на оспорените противуставни членови; во други единаесет случаи Уставниот суд сè уште се нема произнесено по однос на нашите претставки; потоа во три случаи иницијативите ни беа отфрлени, а во уште три други случаи судот реши да не поведе постапка. 3
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правниот поредок на практичните Римјани беше востановен 10. А покрај класичните правни текстови (пр. уште и Paul. Sent. 2,18,1), за присуството на работните спорови, во еден поширок контекст, читаме и на други места во историската литература: на пример кај Кикерон (Cicero: De officiis; 1, XLII, 150sq.; 1, XLII, 151sq. и De oratore; 1, XLV); кај Катон (Cato: De re rustica, 136); потоа во Новиот завет на Светото Писмо (в.Евангелие по Матеј, гл. XX, ст. 1-16); па кај Апулеј (cf. Apuleius: Metamorphoseon; Lib.IX, 6sq.; Lib.VII, 22sq.; Lib.IX, 35sq.; Lib.IX, 12sq.) итн.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова потоа во подоцнежниот историски период преку Римската, Ромејската (Византиската) и Турската Империја, остави свое влијание врз развитокот на културата и човештвото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Потоа во Битола се вршеше распит на граѓаните. Го распрашуваа и Гоце Делчев.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
- Јас сум млад човек и ми се шета. Нема да седам на едно место... Знаете... како е... младоста.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Ќе нафрлаше во почетокот на зимата, а потоа во другите зимски месеци одвај дали ќе побелеше земјата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Баше тоа сон. Убав сон во многу бои, првин во трепети, а потоа во преливи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И му остана тага на душата и неисполнета желба, што потоа во животот непрекинато се трудеше да ја исполни.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„А ти“, исцедив потоа во бес, „што велиш ти?“
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И сè поразјарено се обидуваше да му биде потврдена доминацијата во овој разговор, па потоа, секако, во семејството, па потоа на работното место, па потоа во општеството, па на планетата Земја, па во Универзумот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Никако не можев да сфатам дали тие клинци се интелигентни, или луди, или едноставно имаа пилешки мозок со смисла за хумор и гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Таму бил посетуван од Мур, кому му диктирал белешки за философијата на логиката, а се допишувал и со Расел на истата тема.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Беше okno.mk | Margina #15-16 [1995] 119 невозможно да се одреди дали нивниот проблем е недостаток на мозок или само недостаток на здрав мозок. (...) Таа есен, после целодневната работа во Фектори, обично одевме во Ил Мио, а потоа во Ондин и на крајот завршувавме кај Артур.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во 1939 година е избран да го наследи Мур како професор по философија, но поголемиот дел од војната го поминува како воен болничар во лондонската болница, а потоа во истражувачката лабораторија во Њукасл.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Откога го посетува Советскиот Сојуз, кога е во искушение таму и да остане, и поминува уште една година во својата колиба во Норвешка, Витгенштајн се враќа во Кембриџ 1937 година, а една година подоцна, кога Германија ја анектира Австрија, станува британски државјанин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овој саем се одржува секоја година - еднаш во Келн, потоа во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Џоан вели: „Ние шизифреничарите зборуваме и правиме многу безначајни трици и глупости и потоа во сето тоа вплетуваме нешто што е навистина важно, за да видиме дали психијатарот е загрижен за нас и дали ќе ја забележи разликата”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Да го оттргне бегот сина си од ова влијание беше го испратил некоја и друга година во Стамбул на училиште, а тој се запиша потоа во военото училиште и со една група кадети отиде и проведе две години во Германија, та кога се врати, стана муљазим, а пред една година и јузбашија!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Ќе а истутнеме зимата со овој човек,— се тешеа сите полчивци кога слушаа што се прави по другите мариовски села.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Своето крстено име прво го менува во „Friederich“, а потоа во „Friedensreich“.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Седиштето на архиепископијата во почетокот било во Преспа, а потоа во Охрид.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По заробувањето биле испратени во Брод, потоа во Прилеп, а оттаму во Скопје и завршиле во Софискиот затвор. 72 PRO HS5/887. 73 Ibidem. 74
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Завлегоа потоа во темната корија, уште мемлива и росна од свежата планинска ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Плевната од својата источна страна имаше просторен трем, со стреа, каде што понекогаш, кога врнеше, се прибираше добитокот, каде што понекогаш во врнежливите денови се вршеа некои работи: се прибираше компирот, се сечеа дрва, се сушеше навлажнето сено, се приготвуваше зимница, која потоа во поголем дел се пренесуваше в село.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Веднаш потоа во свеста му се појавија сите стравотии од минатата ноќ.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сликовито ѝ опишал како чадорот се претвора во мрша и како кондурите со метаморфоза се претвораат во костури на лице, потоа во ракови, полипи и „гримасирачки работи“, што ги гледал со крајот на окото.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој го сакаше гуштерот затоа што имаше светлозелена боја на грбот, додека странично зелената боја преминуваше во темнозлатеста, а кон стомакот во портокалова, а потоа во крем.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Плодовите на земјата таа секогаш ги сфаќаше само како подароци од земјата и ги јадеше без да размислува како тие настанале, ги прифаќаше како што ја прифаќаше и чашата со вода што ја пиеше, сѐ додека не ги виде нештата во овие бавчи како од семе се развиваат во цвет а потоа во плод.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потоа во ст. 3 од чл. 3 на Законот изречно се забранува дискриминацијата, како и вознемирувањето и сексуалното вознемирување врз основа на пол во јавниот и приватниот сектор во областите на вработувањето и трудот, образованието, науката и спортот, социјалната сигурност, вклучувајќи го и подрачјето на социјалната заштита, пензиското и инвалидското осигурување, здравственото осигурување и здравствената заштита, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, информатичко-комуникациските технологии, одбраната и безбедноста, членувањето и дејствувањето во синдикални организации, политички партии, здруженија на граѓани и фондации, други организации засновани на членство, културата и други области определени со овој или со друг закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
" вели и потоа во себе, подзасрамена, но и подфудулена, си додава: "Јас пустата како листот на брезата сум.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
А потоа во бараките и во коњушниците, од доцнина до ранина и од ранина до доцнина пробивно и долго се слушаат олелии.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Истата вечер другарите направија препис од тефтерот и си отидоа и по некој ден нас доброволците не однесоа во Арад, а потоа во Тулгеш.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Тој свиок, веднаш ќе видиме, ќе донесе промена во дескрипцијата: „Водите удираа првин во стените од едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење...
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Водите удираа првин во стените на едниот рид, потоа во другиот, од што постојано се слушаше некакво чудно шумолење, некаков потаен говор.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Во ладните зимски вечери, лист врз лист го ределе, а потоа во бали го носеле во монополот.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Не бил сигурен, подоцна само претпоставувал дека непогрешно го сонил она што ќе се случи во новиот ден: најпрвин, по сончевиот изгрев, го нашле, пред тоа, во ноќта, заборавен на носилка исцерителот Пандил Димулев, тој пријател на билје и треви; најверојатно дека безгласно починал од вчерашната рана помеѓу срцето и левата страна на стомакот, а потоа другиот тревар, откако го исплакал својот пријател со солзи што можел да ги пролее и над својата судбина, веќе видливо исушен и потемнет, легнал на неговата носилка и ѝ се предал на болештината, веднаш сите да видат дека се сушат и потемнуваат во лицата, и Самуил Пендуш, и Сандре Самарија, па некој (во неговиот сон, потоа во стварноста) барал да појде гласник по селата крај кои ќе минуваат, умните да оставаат на патот лук и ракија, за нив, и сено за воловите, инаку сами ќе атакуваат и ќе грабаат со темна можност да им ја донесат на домаќините, како гостинка, чумата што уште пред да го закопаат едниот тревар го однела другиот: два гроба еден крај друг, плитки и покриени со тврди грутки, крст до крст со шубари на вертикалниот крак.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Пак се склопчал на своето сиротинско легло многу потешко поднесувајќи ја предмугрената свежест буден.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Турците се дадоа првин на јуриш, потоа во бегање.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
И веднаш потоа во крик.) Иване.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Снегот најпрвин се топи во тенки млазови а потоа во крупни парчиња, кои како огромен птичји измет, паѓа од гранките и тендите.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Вчера доаѓа еден пријател: “Тебе, ми вели, стилот ти се менува, сечен е.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сечеш, сечеш и воведна реченица, зад воведната уште една воведна, потоа во заграда нешто ќе вметнеш, а потоа пак ќе исечеш, ќе исечеш...
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Зјапав отпрвин во братучед ми, потоа во коњот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Дошол да ме праша дали ќе јавам или не, како ќе изберам.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Почекав малку а потоа во еден потег ја распослав сликата.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Така персискиот збор bkshesh (со прво потекло од пахлави) со значење дар, ќе помине во арапски како baqi, потоа во турски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Книгите беа префрлени во карго на големата композиција, а потоа во вагонот кој требаше да ги остави во скопската железничка станица.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од арапскиот корен во турскиот јазик ќе се создадат два различни збора: bai (дар, подарок) и bahi (напојница, под рака).
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татковиот вујко Али Фети, кој ѝ служеше на Османската Империја како воен аташе во Париз и подоцна како амбасадор во Софија, потоа во владата на Изет-паша како министер за внатрешни работи, заедно со блиски унионисти (приврзаници на Унијата за прогрес и единство), ќе се крене против натамошно распарчување од тоа што преостана од Османската Империја.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тој дожд тегнеше во неа еднолична мелодија но не можеше да избрише едно сеќавање на онаа ноќ под врбите во паркот, и потоа во неговата врела соба, кога праинсконската вистина ја отвори до срце и ја исполни: гаменот со голо теме може сѐ и чини сѐ што може.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Повеќето знаци изразуваат низа брачни ситуации и односи, како во следниве примери: planina Натписи на печатите од долината glava на Инд, во северозападна Индија. usta/zboruvawe Системот не е дешифриран, но се мисли hrana дека содржи мешавина од идеографски jadewe и фонетски графеми коишто voda (vo voda) претставуваат лични имиња. piewe odewe/stoewe Колоните на десната страна ги ptica покажуваат првобитните пиктограми, riba најнапред вертикално, потоа во vol изменета положба што била во употреба krava во подоцнежните периоди.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Во литературата експресионизмот остави мошне снажни траги пред сé во поезијата (Георг Тракл, Георг Хајм, Јакоб ван Ходис...), потоа во кратката проза, а најмалку, се чини, во романот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
На масата ќе ја забележат чашката со сѐ уште топол чај, омилен пијалок на Арафат, но тој се спасува во последен миг и заминува во Јордан, потоа во Каиро, кај што ќе се сретне со Титовиот пријател Насер.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми се наложија првин судбините на неприкосновените Картагинци какви што беа врховниот водач на Тунис Хабиб Бургиба, палестинскиот водач Јасер Арафат, потоа во Франција претседателите на републиката Франсоа Митеран, претседателот на францускиот парламент Филип Сеген, претседателот на Република Франција Жак Ширак, премиерите на Франција - Ален Жипе и Лионел Жоспен, португалскиот харизматичен претседател Марио Суареш, големите умови на нашето време - Едгар Морен, Морис Друон и други, крај чии животи епизодно ме доближи и мојата дипломатска мисија ***
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И едно утро, во Рамалах, идната престолнина на неговата палестинска државичка, израелските полициски сили ќе упаднат во куќата во која престојувал Арафат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Првите никулци на јаничаризмот можеа да се најдат во македонската фаланга, потоа во преторијанската гарда на римската империја, кај елитните стрелци на Руската империја, кај египетски Мамлуци Императорите имаа доверба во одбранбените елити на своите гарди кај кои беше тотално збришан првичниот идентитет, речиси засекогаш најдени во тотална амнезија во однос на своите блиски, на својот народ.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Потоа во записникот се вели дека, според проектот, водата од акумулацијата ќе достигнела највисока точка од 52 метри.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Како доказ, тој ми отпеа една хроматска тема за фуга што му ја предложил на стариот Бах, кој веднаш потоа од неа направил фуга во четири гласа, потоа во пет и на крајот во осум гласа.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Кој дојде потоа во куќата, што се случи, никогаш не разбравме.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во античкиот период, а и подоцна, во текот на повеќе векови, земјата ќе се најде на политичката, на воената и на културната граница помеѓу Исток и Запад, најпрвин помеѓу Римската Империја и античката грчка цивилизација, потоа во европскиот среден век, помеѓу католичка Италија и балканското православје.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Набљудувајќи ги овие патнички кои заминуваат од Езерото на пат кон Атлантикот преку Медитеранот, Таткото е обземен од мислата „за милионите луѓе обземени од сонот да заминат кон новите брегови на спасот”, најден во виорот на војната, потоа во нејзиниот крај со нови граници, кога емиграцијата ќе биде невозможна.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тогаш премина на цртање комбинирано со пишување; потоа во 1970 го изуми албумот на историјата, а по монтажните објекти на крајот од 1970-та, ги креира инсталациите.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Веројатно подучуван од овој случај многупати потоа во животот си имам повторувано: Обиди се!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Мрднува со глава, зачекорува пак и, кога белотртката запеа на цело грленце, тој застана.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во устата почувствува вкус на горчлива семка од кајсија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Пак си одиме, - рече тој.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ме затвораа потоа во една мала келија. Четири дена.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Прво построени по четворица, потоа во колона по двајца, по тројца.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А потоа во ова тврдење имаше и една голема измислица.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
И најкревката жена може да поднесе поголеми тежини дури и од најсилниот маж.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Самиот Џарман вели дека неговите филмови едновремено се и фикција и документ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сѐ што е забележено на лента е факт, но селекцијата на појавите, начинот на кој тие се претставени и потоа во монтажата споени, нѐ води во просторот на интерпретацијата, авторскиот став, фикцијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Притоа експериментира со брзините на снимање и проектирање, со бојата и филтерите, за резултатот да биде она што можеме да го наречеме “насликана слика”, којашто претставува нова стварност и факт за себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Кога го ставив крвавото и засолено месо во тавата и потоа во рерната бев пресреќна што сето тоа заврши.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Што ќе ни готвиш? - Јагнешко, - како од топ испукав.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Оваа вера ми беше пренесена уште во раното детство, а потоа во тој дух го минав адолесцентниот период и мојата младост.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Очекував да ме прашува и за судбината на мојот ракопис, фантомски започнат во Арл, потоа во 1997 година довршен во Париз, објавен во Македонија истата година, а во 1999 година да биде објавен на француски јазик од парискиот издавач Фајар, како и на турски јазик, заедно со Татковите книги и Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Што ме натера на оваа помисла?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Истовремено, земјата морале да ја напуштат и странските агенти, а меѓу нив и британските, кои се повлекле во Истанбул и Анкара.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Елизабетх Баркер, Британската политика према Балкану у II светском рату.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
По капитулацијата на Кралството Југославија, кралот Петар ИИ Караѓорѓевиќ и Владата го напуштиле Кралството Југославија и заминале прво во Египет а потоа во Лондон, каде што ќе останат за цело време на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тоа го надополнува и Бејли, член на СОЕ, во писмото од 28 март 1941 година, кој бил во Белград, а потоа во Цариград, кој вели: „цврсто сум уверен со акцијата што непосредно му претходеше на државниот удар; можеби други управувале, но нужните претходни услови за тоа ги создаде наголемо СОЕ во Белград, работејќи на тоа во минатите шест месеци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Вие научете го, изучето го, усовршете го... пред борба, а потоа во борба сами ќе се убедите дали добро сте го научиле.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Во утринските часови од југ долетаа првите авиони и, летајќи еден зад друг, најпрвин ја напаѓаат Мисодагиста, а потоа во низок лет ги митралираат и ракетираат ридовите над Медово и Раби.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ама подоцна, кога созреа, најпрвин во партизанските одреди на ЕЛАС, потоа во Егејската бригада, па служејќи во Југословенската народна армија, а потоа и во народната милиција, размислуваше, а размислувањето понекогаш беше рамно и на неизвршување на наредба...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со него работев прво во Аризона, а потоа во Сонора затоа што дон Хуан се пресели во Мексико за време на мојата обука.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Планирав да ги изложам уште во декември, потоа во јануари.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Јас прво излагав по излози, па дури потоа во галерии. DD ПТ: Дали, можеби може да се направи паралела со сегашната ситуација? DD ЕВ: Не, денеска речиси секој ден се отвора по една нова галерија.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
И, навистина Фаик Коница живееше друг живот во Бостон, каде што застана на чело на албанската дијаспора во Америка, го издаваше весникот „Дијели”, потоа во Вашингтон каде што долги години беше амбасадор на Албанија на чело со кралот Зогу.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Ќе продолжи да се школува, по препорака на своите француски професори од Цариград, првин во нормандискиот Лизје, потоа во медитеранскиот Каркасон, а ќе студира романска филологија на Универзитетот во Дижон, ќе слуша две години предавања на Колеж де Франс.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Пишува две книги кои никогаш нема да бидат објавени.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1977. Повторно во Европа. Песни: Историја на ноќта.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ми зема крв, се разбира - за да ја тестира виталната органска функција и отпорноста кон болести.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1976. Во друштво на Марија Кодама патува во САД, а потоа во Мексико.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Тестираме антитела за околу педесетина болести“, рече додека очите му поигруваа зад стаклата на очилата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1967. Се жени со пријателката од младост, Елза Астете Миљан, со којашто заминува во САД и на Харвард држи специјален курс за поезија, како и литературни вечери во разни градови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1919. Борхесови заминуваат за Шпанија, најнапред во Барцелона, а потоа во Палма де Мајорка. Учи латински и арапски.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Поетска книга: железна паричка, а во соработка со Алисија Хурадо, што е будизам.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Со Марија Естера Васкес го објавува проширеното издание на книгата Германски средновековни литератури и Уводот во англиската литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Семејството пак се сели во Севиља, па во Мадрид.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1965. Заминува за Перу, потоа во Колумбија и чиле на повик на тамошните универзитети.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За време на патувањето во чиле се среќава со Пиноче, што предизвика жестоки реакции на демократската јавност во светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
1968. Се враќа во Буенос Аирес. Излегува Книгата на измислени суштества.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхес учествува во литературното движење наречено „ултраизам“ и соработува во неколку авангардни книжевни списанија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И кога сите луѓе би се плашеле, кога би се двоумеле, денес не би имале олкави градови кои, се разбира почнале да се градат од првата тула, почнале да растат од првата куќа; не би имале толку долги патишта, пруги кои почнале со првиот метар за да се издолжат потоа во километри и кидометри.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Кога ќе ти биде готово, ќе го завиткаш прво во една шамија, а потоа во една ресачка за светлина да не го допре и дента спроти Водици, кај ужина време, така завиткано, знамето ќе го донесеш в црква.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Работел како новинар во весникот „Нова Македонија“, а потоа во Радио - Телевизија Скопје како уредник на Филмската редакција.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Брзакот тргна во тој правец и веднаш потоа во влезната врата се појави и втор милиционер, изразито дебел, како подуен.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тогаш на служба беше во Маково, а потоа во Битола.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Прво копале големи дупки, а потоа во дупките пикале садници од разни дрвца, а најмногу елки, големи колку педа.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Една година учел во Битолската гимназија, а потоа во Солунската.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)