потоа (прил.) - таа (зам.)

Потоа таа ме прашуваше каде е мама. Јас ѝ реков дека е на пазар. А таа неколку пати силно извика Пазар! Пазар!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Веднаш потоа таа започнала тајни вонбрачни врски со повеќе мажи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Потоа таа го позна и, мислиш, пречекува свој домаќин што се враќа од живеење, се поттргна, без збор ослободувајќи му пат кон светлоста зад себе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Утрото, кога ја виде умрената овца веднаш, без негова желба му се наметна мислата да ја расчеречи овцата, да ги храни со неа кучињата, како што правеше понекогаш дедо му, но веднаш потоа таа мисла му се виде одвратна, а сега речиси и не дозволуваше да мисли на такво нешто, па ја одвлече овцата преку потокот и ја закопа длабоко во снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислевте дека кај плодовите на овошките најпрвин корупката ќе се развие а дури потоа таа корупка се исполнува со сокови?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мене навистина ме збунуваат нејзините чудни размислувања и изместените констатации.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас го застапувам дишењето на нашиот млад свет, ништо повеќе или помалку!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Потоа таа најде привремено сместување: една илегална соба која ја делеше со синот. Соседите ја пријавија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во 1979 година Дик Хебдиџ напишал една прочуена книга што целосно се занимава со „значењето на стилот“, за кое сметал дека е клучот за разбирање на идентитетот на некоја малцинска поткултура.385 А уште во 1964 година, Сузан Зонтаг распалила „против толкувањето“, против оној вид ликовна критика што ја претпочитал содржината повеќе од стилот, што изгледало дека е зависник од значењето и доследно наумен да изнаоѓа уште значење, постојано ново значење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Историчарите на уметноста со векови пишуваат за историјата и за функцијата на стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наместо херменевтика на толкувањето, наместо на потрага која ќе открие што длабоко и вистински значи едно уметничко дело, таа нѐ поттикнувала да се зафатиме со една еротика на уметноста, со осознавање на површините, со опис на естетските вредности, на стилот и на неговите ефекти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Толкувањето, според нејзината полемичка критика, го сведувало „уметничкото дело на неговата содржина“, а потоа таа содржина ја толкувало за да извлече од неа значење.386 Зонтаг жестоко ѝ се противела на психологијата, како и на хегемонијата во либералните кругови на психолошкиот хуманизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајка ми ја прегрна и неа. Така прегрнати стоевме едно време, а потоа таа нè оттурна од себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Одредницата народност претпоставуваше дека поради другата татковина, односно држава на која би требало да припаѓам, моите права во Југославија, всушност, беа до одреден степен ограничени во споредба со домородците, а и меѓу нив постоеше хиерархија во владеењето според бројната припадност на народите, кои ја создадоа првин државата на Србите, Хрватите и Словенците, Југославија, (со отворени и латентни антагонизми и анимозитети меѓу нив, кои особено се разгоруваа во критични времиња на Балканот и во Европа), па потоа таа се разбира во фашистички држави, врз строго етничко-национална чистота, за повторно да се обединат во антифашистичката коалиција и да ја пресоздадат новата федерација Југославија, во чиј состав влегуваа народите (Србите, Хрватите, Словенците, Македонците), потоа народностите (Албанците, Унгарците, Турците, Италијанците и другите), меѓу нив би можеле да се сместат босанските Муслимани (всушност конвертирани Срби и Хрвати).
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа на прозорецот – тој врз завесата, таа на плафонот – тој врз креденецот, таа на креветот, а тој... под креветот, потоа таа кај вратата, а тој над масата и ги исклештил забите!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Смислата на нејзиното постоење беше да постои за татко ѝ , дури и самото пловење со гондолата за неа имаше значење само ако можеше нему да му го раскаже.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Многупати ноќе се будев од соништата во кои мама ме водеше в река, застанувавме во плиткото, а потоа таа ми го фаќаше главчето, и ме потопуваше додека јас губев здив под водата, и гледав како рибите ме касаат по лицето; или пак мама се претвораше во ѕвер и ме растргнуваше; или пак јас бев птица за која таа не знаеше дека е нејзината ќерка, па ме фаќаше, ми ја отсекуваше главата, а потоа го попаруваше моето обезглавено тело и ми ги кубеше пердувите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав како гондолиерот ѝ помага на Ана да се качи, а потоа таа ни мафташе додека се оддалечуваше по каналот, и му довикна на татко си дека ќе му раскаже како поминало пловењето по каналите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се будев во собата во која спиев со моите четири сестри, внимателно станував од креветот кој го делев со Паулина, и потоа на прсти се приближував до прозорецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што ако болеста знае како да убие некого, за потоа таа да живее со неговото тело?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Светлината беше слаба, но можев да го видам црвенилото што ја облеа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се бакнавме. Ја погалив по вратот и осетив нешто необично, некоја чудна брановидна длабнатинка како кожата да ѝ станала пластифицирана, а потоа таа ја стави раката врз моите гради.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Причекај“, збивташе таа. „Ов... Ова.“ Се исправив. „Што?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)