Сепак, еден летен ден, во недела напладне, кога сите на гредите пред продавницата седеа како овци на мерис, видоа како далеку долу под селото, над врбите крај патот, се крена облак прав и потоа заоди по кривините на патот кон селото налик бушава џиновска брзонога гасеница, што кога влезе в село им се виде како ламја од која се саштисаа и сите преплашени станаа на нозе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)