потоа (прил.) - дојде (гл.)

Мајкиниот гроб е првиот ѕидан гроб во Потковицата и првиот Акиноски гроб во Потковицата, а по него и набрзо потоа дојде оној до него, на татка му...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од десет овци едната да е готова за четата кога ќе допадне во нивниот реон; сиромасите беа терани на стража во работните летни денови, кога можеа да заработат по некој и друг кутел житце, а потоа дојде и индивидуалното оданочување, според силите, пак да се купуваат пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе ги имаше сите адути над Организацијата да се истакне како ослободител.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа дојде една непријатност и тој ја зема штичката обвиткана со памук, ја бутна под повредениот прст, сето тоа го врза со завој, размислувајќи дека овој прст поради скок преку некаква дупка или поради некој нездогледан корен, поради охолост или лекомисленост - накратко, дека, се чини, е скршен во длабока врска со текот на овој живот и со судбината, а тој сега мора да се грижи за него како за некој што е далеку или избегал, па наслушна во длабочината, каде што како во некаков момент на болка се слушна уште некој глас. Маргина 36 57
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Потоа дојде, не поведе нас и наскоро влеговме во еден автобус, од тие од Градскиот сообраќај.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа дојдоа двајца археолози кои со направи за подводно нуркање, со скафандери се спуштија во витлите на „бездното“ и повторно не се вратија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во бутинот избиј го маслото, исчисти ја куќата, смети го дворот, испечи го лебот и потоа дојди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А потоа дошол и денот со многу повеќе чад и барутни огнови, со крв и трупови отколку со сонце.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во исто време тој останал во Софија како претставник на гемиџиите, но не долго потоа дошол во Турција за да се вклучи директно во реализирањето на планот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Петко стана и се протегна. Нè изгледа сите потоа дојде до мене.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Првите прозори беа мали, правоаголни и недиференци­рани, потоа дојдоа кружните прозори од бродовите (паробродите на секој оџак имаат по неколку такви), потоа тесните високи прозори со назнаки за кружен свод од неговото време во Рим, и конечно последната форма на прозор - „прозор- греалка“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во прво време мракот ме тераше да се враќам во одајчето, потоа дојдоа ветровите и студот, ама додека не се стемнеше не се прибирав.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Потоа дојдоа шницлите, по шницлите домашните колбаси и на крајот лангидите со сирење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа дојде железничарот, се поздрави и рече дека ја видел уште на станица, седна на своето ниско столче до шпоретот и ја запали првата цигара со жарче на маша, а потоа другите една од друга.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа дојде и време на војни.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Потоа дојде полицијата. Во џебот на прегазениот беше најдено писмо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа дојде, си ги навлече патиките, заклучи, го стави клучот под чергиче и заедно си заминавме.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја замолив Мони прво да ми прави друштво до продавница, а потоа да одиме кај Бистра за да ја викнеме на лулашки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„И проверете дали другите нимфоманки се добро затворени!,“ им викна Хилда.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа дојде пролетта. Времето не го мерев според датумите и месеците, туку според тоа во која недела од бременоста сум.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Изминаа триесет и девет недели. Уште само неколку дена,“ и ги стави рацете на стомакот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми ја оттурнуваше Августина, а потоа дојдоа чуварите и ја одведоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа дојде баба ми со празна чинија и почна да ме кара: Абре синко, јас цело време ја барав чинијата со ручекот и луѓето ми останаа без манџа. Зошто го стори тоа?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
БАРОВО Веднаш потоа дојде сестрата на снаа ми и ме зеде да поседам кај нив, во село Барово, Тиквешко, никогаш дотогаш не бев таму.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Некако скоро потоа дојде и татко му на Пецета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Потоа дојде денот на новите скитања.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)