Првин ќе се возбуди, потем ќе се занесе а, на крајот, ќе се смири...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Утринава пред облаците да кинисаат на редовна прошетка пак ја помолив мајка ми да посонувам уште малку а потем ќе и наберам од раните цреши што ноќум узреале на дедовото лозје.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Се подразбира дека потем ќе испратам и електронски одговор во татковината - да не би да папсам во туѓина од толку многу тајни во музиката на ѕвездите од татковината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Утре ќе заминам да ја видам Лузија Земанек, да го земам она што е мое а што остана кај неа, и потем ќе се оддадам Богу.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ќе ја преместам за една ноќ, потем ќе ја ставам книгата во лажно среде и кога утре ќе дојдеш, со царот, да му го покажеш чудото, ќе ја загубиш милоста негова.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Не оти сакав така, туку морав, оти знаев дека Писмородецот потем ќе ме повика во својата одаја, како што правеше често кога не беше задоволен од моето поведение, оти сакаше само на него да личам, а на себе – не.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ноќта ја минуваше секогаш на друго место. Ми беше речено дека мојот возач Бешир ќе ме остави на одредено место, а потем ќе ме преземат Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Ти мислиш, дека мајка му е мајка ти: ќе вика по тебе, ќе те бара, а потем ќе те крене на раце и ќе те однесе дома!“
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Водата, пак, лојална, се враќа
дома, назад:
океанот има широка душа
првин ќе ѝ прости,
потем ќе ѝ го покаже патот
- кон амбисот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Беше пладнето од концертот на Елса Пијаџо де Тарели во Одеон, се облеков неволно, насетувајќи дека потем ќе ме очекува несоница.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Идам, мама. Ќе стигнеме на тој твој Бах и на тој твој Брамс.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)