Или, поточно дека постојано ќе можам да се вратам овде.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се надевам дека ќе бидам овде.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Со праќките од далеку и постојано ќе им фрламе и ќе ги вознемируваме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Револуционерните занаетчии пак, спротивно на тоа тврдеа дека идеален чевел не постои, како што не постои ни непроменлив облик, и дека тие самите ќе пронајдат облици на чевли и постојано ќе ги подобруваат.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Патрицијот беше видено потресен: - Верен мој пријателу, постојано ќе го имам крај себе – се сврти кон морето да ги сокрие солзите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Зарем во замрсените линии на дланката не ми е претскажано дека Владетелот на Темнините постојано ќе ме демнее, искушува, вознемирува, обессилува?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Но чувствуваме дека нешто ги мачи, дека длабоко во нив нешто е вкоренето и се додека не дознаеме што мака ги мачи, постојано ќе бидеме со нив.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сиот живот чувствував како нечиј поглед да го поништува моето постоење, и истовремено, барав некое суштество кое ќе ја залечи таа скршеност на моето Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Така мојата мајка со поглед, со збор, со гест отцепуваше парче од мене, парче кое постојано ќе ми недостасува, парче кое постојано ќе го барам; целиот свој живот чувствував како ми недостига нешто, онака како што на Милоска Венера ѝ недостасуваат рацете; мене не ми недостасуваше нешто во мојата појавност, туку нешто внатре во мене, како да ми недостигаа рацете на мојата душа, и тоа отсуство, тој недостаток, тоа чувство на празнина, ме правеше беспомошна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако рационалното објаснување не мора да биде она вистинското, туку само едно можно, плаузибилно објаснување, тогаш, “повикувањето на идеологијата при поединечните или заедничките (идеолошки) акции не може да биде валиден доказ за причинско-последичната врска меѓу идеологијата (идеолошкото знаење) и (идеолошката) акција на поединецот”.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Забрзувањето нараснува. Вдишувам. Ретко кога мокрам на хорс, а камо ли нешто друго.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Бидејќи објаснувањата на “идеолошката” акција, како што покажува витгенштајновската ситуација, не можат да бидат ослободени од апсурдноста и парадоксалноста, Саркањац смета дека познатата Витгенштајнова констатација за “општата болест на мислењето” слободно може да се промени во “општа болест на идеологијата”, од која идеологијата не може да се ослободи, иако постојано ќе се обидува да го најде лекот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Најдобро е да не се јаде бидејќи тоа постојано ќе ве тера на повраќање.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој беше готов да продолжи со толкувањата за потеклото на јазикот, но Татко, следејќи го авторитетниот тон на Камилски, се надоврза: Во право сте, сосем сте во право, мој пријателе, сѐ додека лингвистите трагаат по потеклото на јазиците и нивните трајни механизми, тие постојано ќе се соочуваат со историјата на човештвото како и со неговата историја низ милениумите...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Постојано ќе бидете во темно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но секогаш - не заборавај го тоа, Винстоне - секогаш ќе постои пијанството на власта, кое постојано ќе расте и постојано ќе станува сѐ посуптилно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Можеби и постојано ќе остане таму...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Илко ја испуфка лулата, ја разгоре и рече: - Катастрофи имало и ќе има... - тргна неколку пати едноподруго на лулата и продолжи: - Мудрецот од Калкута кај кого работев, велеше: природата постојано ќе ни се свети...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
И ова провлекување низ војските постојано ќе ја следи во животот, откако ќе го оформи своето семејство, ќе ги изроди своите чеда, и тие со неизвесна судбина на Балканот, како нејзината некогаш.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Овие очи, посебно еден чифт од нив, постојано ќе се менува за време на моето четиридневно патување во земјата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Меѓутоа, тој рече дека сака системот да го усоврши со тоа што ќе постави војник на смена кој постојано ќе кружи од војник до војник.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Потоа, се сети на Летка. Тој постојано ќе се сеќава на незаборавената Летка.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Постојано ќе се поздравува со некој пред себе на масата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку и да се трудиш да ги сфатиш и да ги разбереш, тие постојано ќе ти бегаат низ раце, како вода или како ситен песок меѓу прстите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Откако бев во Индија, научив во сè да верувам и ништо да не ме чуди.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)