постојано (прил.) - му (зам.)

Половина свет го пимина пеш, по ровови... на крај и тој не знаеше за што се бореше!?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Баба ми постојано му ставаше ситни пари во џепчето.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Мерв навистина се трудеше да бидеqубезен, но ништо не му поаѓаше од рака.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За да биде поубаво, таа во еден момент толку се изгуби што право во камерата упати еден вистински A-look.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Таа кон него низ целиот тек на емисијата се однесуваше како кон некој досаден давител од автобус - постојано му испраќаше непријателски погледи во стилот што-не-се-откачиш-од-мене-веќе-еднаш.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Косата му е како мојата многу или малку порано, во зависност од моменталното индивидуално користење на замислените еталони, со посветол сјај и зафатена со елемент кому постојано му го заборавам името.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но кметот постојано му ја охрабрува душичката, редејќи му некакви значки по реверите од шинелот провиснат до пети.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Југоносталгичар е личност која не гледа ниту во сегашноста ниту во иднината туку е заробен у Титовото време, а душата постојано му плаче за пропаднатиот систем.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ратка по малку беше и љубоморна што Трпе заглавуваше после работа па постојано му ѕвонеше на мобилниот плашејќи се да не залутал на ексурзија со некоја опајдура.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Постојано му се смешкаше на Здравета, но овој не го есапеше ни 2,14 посто.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А пак од спротивната страна - полковникот на џандармеријата, Мициќ, постојано му тура вино во чашата и му наздравува, како на најблизок...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Никогаш нема да го фатиш“, ме уверуваше еден поранешен колега.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако постојано му се јавував во Цирих, кога беше дома, тој не ми одговори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Татко ѝ, некој мирен опаднат човек, вистински старец, во црна свечена облека и сосема ќелав, веќе се беше напил и можеби поради тоа постојано му течеа солзи од очите, мали, збрчкани, закрвавени.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Или да дозволува да биде обземан од сомневање во се она што постојано му се случуваше.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ќе легнеше на кревет и ќе читаше дела како „Битие и небитие“ и „Форми и вредности во модерната поезија“, одбивајќи ги со презир каубојските, порно и криминалните романи што неговите пријатели постојано му ги нудеа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Постојано му зборуваа што е правилно, а што не е.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му служеше на Христа, работеше во Негово име, та го затвораа, го тепаа и постојано му се закануваа со смрт.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко му постојано му повторуваше дека тој не е кој било, туку син на синовите на Венјамин, син на десната рака Божја, син на југот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Постојано му се котеа, постојано му се намножуваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како што растеше куќата на Грдан, така Андромеда и Венера постојано му зборуваа на Скрче: ”Ти не си никаков човек!“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога ќе ја отвори вратата, му се отвора јужната страна и еден дел од брегот на езерото што од неговата куќа продолжува натаму да сe исукува како воден конец; сонцето постојано му е на вратата, и штом ќе ја отвори, тоа му влетува внатре; на задната страна, кон селскиот сокак, на куќата има прозорче, мазгалка, и низ неа протинаше пушка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најпосле, кутриот Акакиј Акакиевич испушти душа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Крај нозете постојано му лежеше кучето што го водеше на прошетка низ град.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Очите постојано му одеа кон седелото, чекаше да долета птицата, да легне во него.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И се потсетува на она кога татко му имаше решено да го продаде за да плати некаков долг и кога очите постојано му одеа на него, а душата му ја стегаше жал: го жулкаше, му ја бришеше прашината на стаклото, на кутијата изработена од ореово дрво со разни фигури од билниот и животинскиот свет: цветови, плодови, животни, птици; бројките и стрелките позлатени на таблата порцеланска, а крај секоја бројка нацртани зодијаци и други небесни знаци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ги затвори очите и ги притисна со прстите, обидувајќи се да ја истисне сликата што постојано му се враќаше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се прашуваше дали одбивноста потекнува само од минатото, или пак е инспирирана од неговото поднадуено лице и од солзите што ветрот постојано му ги притискаше во очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А за тоа нешто, веројатно има придонесено и жена му која постојано му ја јадеше душата, со која постојано се караа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
По извесно време, студенилото му премина во оган: гореше, се потеше, фрлаше сѐ од на себе, но ништо не помагаше; чувствуваше како повторно да се наоѓа во Сахара, во нејзината жештина што еднаш ја доживеа; во бунилото повторно му излезе Сахара пред очи и жената со која што тргна и која постојано му го отвораше прозорецот од џипот и му велеше: издржи, издржи уште малку, а низ отворените прозорци место свежина влегуваше уште поголема жештина.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Помош и разбирање немаше ни од својата сопствена жена која постојано му ја јадеше душата дека се зафатил со работи од кои нема никаква корист, а само штета.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Постојано му велеше на Илко: - Те засакав и не можам без тебе...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ниту бараниот каталог ниту некаков одговор стигнуваше. Постојано му здодевавме на поштарот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Занаетот го научи уште од дете, од татко му, и му навлезе во тајните; во почетокот му беше тешко: раце му се разрануваа од удирањето со чеканот, постојано му беа изврзани со крпи, но со време се извежба така што удираше со чеканот на глетото и без да гледа во него: можеше да разговара, да ја врти главата настрана, да фрли поглед било каде, а чеканот сам, непогрешно да удира на глетото и чивиите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Мир нема селово од него... Постојано му идат пред очи борбите на фронтот и вика, се тркала или со стап удира по вратите од куќите и прозорците и ги крши...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко се радуваше што Игор Лозински директно се внесе во сржта на материјата за јагулите, која постојано му беше при срце.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Неговата друга димензија, онаа што се крие во зборот кажан за него, откако ќе се додаде на неговата слика на материјалното постоење, го прави вистински жив, духовно богат, способен да се противстави на минливоста која постојано му се заканува на неговиот навидум цврст материјал...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Она што постојано му го повторував.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тежок, со тромав чекор, постојано му се потеше ќелата.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
- Е, па, кој ти е виновен што си толку висок, превисок за твои години, - му дофрлив, за првпат среќен што неговата висина, на која што јас постојано му завидував, сега се покажа како недостаток.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој седеше дома и поради терапијата постојано му се спиеше.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)