после (прил.) - толку (прил.)

Беше убаво, доволна причина за да останеме заедно, но не беше доволна за да трае засекогаш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Секое утро горчливо вино и кобно молчење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Моите усни издаваат тажна насмевка, но тоа е искрена насмевка после толку долго време, а од гласот избива искрено покајување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можам и не сакам да заборавам, а чувствував тогаш и чувствувам сега после толку многу години дека искрено се сакавме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И после толку години остарен е, а и збрчкан, злокобен е, а и чемерен погледот во моиве очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубовта е етернален моментум во целокупната екумена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И еве ме сега после толку години пак во истата соба.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Сега после толку години го сретнав Филип…предметот на моите детски соништа, на моите скриени фантазии и очекувања што ги имав од животот.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Кај се тие, што работаат во животот, ќе имам ли можмост да ги видам после толку години?
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
” Сигурно е веќе остарена после толку години”.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Мислам дека за прв пат после толку време поминато во независен и возрасен живот, почувствував колку е убава заштитата од родителите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
После толку време, толку свет поминат, скоро под стреата на сопствената куќа да минеш и со своите да не се видиш.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
ФИДАН: (Пие).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ЗАФИР: И редот му е после толку работа!... (Работниците седнуваат да јадат).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Страста кон него кај мене веќе беше сосема изгасната; не ни помислував дека би можела со тој човек, после толку години да се прегрнам, или да водам љубов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сирота, после толку перипетии во животот, конечно ја најде својата среќа во брачниот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
После току многу говор на кожата, разговори на перница, приказни и заеднички живот; после толку Sturm und Drang и забави и игри, нејзината нежност прави добар дел од неговата машкост, и обратно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
После толку часови пат тој прво мисли на работа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)