после (прил.) - од (предл.)

Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ами кај ќе одиме после од агата? Ќе нѐ одере, море!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оти сум чула кај вели: само еднаш да поминам по Црвениот плоштад и после од кај сакаат нека ми ја извадат душата. Толку пребргнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)