после (прил.) - секој (зам.)

Но се случува понекогаш на Васко да не му се спие па после секоја приказна ќе го моли деда си: - Уште една, мала...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Зарем не ќе најде друга жена што ќе го стопли со занесот на саможртвата, што не знае за прашања и барања?, - разочарано си велеше после секоја таква средба...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дали е ова „игра“ во која танчерот ги менува партнерките после секоја музика и повторно ги виде откосите што Долгиот ги оставаше зад себе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Понекогаш одеше во трапот кај Дрвото на умрените на кое луѓето бесеа алишта од умрени после секој погреб за покус да не умре друг од куќата, одбираше од алиштата и што ќе му се допаднеше облекуваше.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сметката се назначува: за згрижување и расчистување на скршените срца, што ги оставаат после секое пијанчење и занесување. 11.01.2006
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Уље мења после секоја тура, гуми после секоја 5–та, а после дваестата камионот го продава у Источна Европа или Западна Африка.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
И после секој ден, дваесет по дваесет, да нѐ водат на сослушување.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
и тука, слично на овие птици, крештеле, врескале, пискале, југале, фаќале заскитани добичиња ноќе, ги молзеле, им ја пиеле крвта, играле оро околу нив земајќи им го умот, се пикале во оџаците и гнетеле крпи за да им чади на луѓето; тука луѓето сега, на тие трски и шевари, после секој погреб фрлаат од умрениот: кошула, чорапи, капа, антерија, риза, убрус, скутник, шалче, шамија - за покус, за да не повлече умрениот и друг по него од куќата;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Малку ја олабави работата, Пена почна да го фали слаткото и да ја распрашува дали сама го прави или го купува, а Танаско после секоја голтка од ракијата гласно офнува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)