после (прил.) - почне (гл.)

Трајко пак, си идеше на двете недели еднаш на преслекување; после почна Митра да му носи алишта на колибата, та престана и таа непотребна негова посета; и така се беше на свое место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се вратив на прсти до некаде и после почнав да трчам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После почна да ми пишува. Михајло Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После почнав да горам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И после почна да се кркори: го фатила некоја разуздана смеа, некој кикот што завршува со потписнување на грлото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
После почнаа да нѐ надлетуваат Птиците. Летаат и пиштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Прво си ги изодврза своите раце, а после почна да собира суви корупки и ветчиња од буката околу себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Па после почнаа војните.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после почнаа и други кучиња да фрлаат во огнот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да, после почнаа сите да раскопачуваат нови ниви. Кога се зафати сета земја во Дрмине и во Батацине, почнаа да се префрлаат кон Задмартинец, Росуље, Лутешки Дол и на други места. Секаде кај што беше посложно и кај што можеше да појде вода. А некои и кај што не можеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да, после почна и многу пакост да прави. Се разлоши.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)