после (прил.) - може (гл.)

После можеше само уште да гледа по она црно клопче, што стануваше сѐ помало во одалечувањето, тоа просто како да се лизгаше по својата дира, сѐ додека не виде како еднаш исчезна меѓу стеблата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
После можеше да ги сети и оние двајца, што одеа напред, знаеше дека му се свртени со тиловите, но и тие на некој начин како да му беа видливи со онаа нивна зачекореност.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КРАМП - Р. Крамб (андерграунд крал за стрипови) рекол: „Од многу гледање во екран човек се претвора во крап! Затоа: прво со кран ќе ти го качам тој проклет екран, а потоа ќе го зашибам со крампови и крампони, или просто ќе го спуштам во кратер. После можеш да читаш стрипови и да јадеш кремпити!“ Margina #19-20 [1995] | okno.mk 43
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Дури после можел да ја пушти стапицата да се затвори празна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но и после можеле да се сложат околностите така што да не се дојде до ваков крај.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама со прво треба со сите глувци и стаори да се простам, да после можам да се свеќаам и после кантар да не ваќам и со терзии и со ендезе ич да не мерам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)