А.А. почека уште малку, погледна лево-десно, бевме сами во кафеаната, со чашка ракија пред нас, па продолжи со надеж дека ќе го предизвика мојот одговор: - Спасот на нашата мала, поделена и опкружена татковина со непредвидливи непријатели е само во изворното и непоколебливо придржување на идеите марксизмот-ленинизмот, и сега посебно сталинизмот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)