Со тоа тие на некој начин на себе си ја натовариле тешката вина; си дозволиле заради тоа мачно да истрадаат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Зошто на Евреите им било неможно да земат учество во напредокот кој, и покрај своето изопачување, го содржело признавањето на божјето убиство – тоа би било предмет на посебно истражување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Двата модела не би биле начисто различни, сигурно: Си замислувам – а немам намера сега да го предвидувам исходот од некое посебно истражување за кое, се надевам, некој ќе се нафати, па затоа не ни сакам да претпоставувам – но си замислувам дека обата модела на геј-субјективитет веројатно некако ќе упатуваат, на пример, на мелодрамата, на кампот, на обожавањето диви и на машката геј-женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Модел на машкиот геј-субјективитет заснован врз разбирањето на особената геј-привлечност на Бети Дејвис може, тогаш, и тоа како да се разликува од ограничениот и делумен модел на машкиот геј-субјективитет што го скицирав тука и што го извлеков од една реплика на Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие на другар ми му откриваат многу за тоа каков тип е дечкото со кој излегува, за природата на врската што му е судена – конкретно, каков ќе им биде сексот... на долг рок.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)