Она што посебно ги загрижувало британските политички аналитичари во однос на изразените тенденции за формирање на југословенско-бугарска федерација, била можноста од загрозување на британските интереси во Грција и проширување на “словенскиот блок“ на сметка на Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Штом бевме готови, среде дупката си заваливме оганче од дрва што посебно ги имавме донесено.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Покрај убавиот ручек таа им направи и палачинки, кои посебно ги сакаше Мирко.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Како да ме лазат бубачки по целата снага, во полусон посебно ги чувствувам. Како да ми пливаат во крвта.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во поглед на мерките кои би требало да се преземат, сметале дека е потребно да се имаат предвид „алтернативни политики“, преку кои на Британците им се отворала можност предметот да го прифатат секогаш до онаа граница кога тие не би смееле да покажат дека заканата кон нивните интереси била преголема и од тие причини предвреме да не се придржуваат кон мерките што би можеле да го забрзаат директниот конфликт со Советската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Британците посебно ги интересирал советскиот одговор за таа идеја, бидејќи така би можеле да ги планираат следните свои чекори за да го спречат "заедничкиот југословенско-бугарски притисок врз Грција и отстапувањето на Западна Тракија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Целокупната активност што се одвивала меѓу Југославија и Бугарија, а во која индиректно била инволвирана и Грција, при крајот на Втората светска војна за британскиот политички естаблишмент претставувала „конфузна ситуација“ во која тие не гледале некоја перспектива за регулирање на односите меѓу балканските држави во „оваа фаза“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Она што посебно ги преокупирало и не им давало мир, било прашањето дали е можно да се преземат некои општи мерки со кои би се спречило "ширењето на руското влијание на Балканот".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
А имам изјавено, дури и пред сведоци, дека посебно ги ценам поединците што ќе ги насмеам без да ги скокотнам!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Палаво човече, нели, а сепак спремно да плаче заедно со секој нажален.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Навиката на дрога и нарко-бизнисот посебно ги погодуваат сиромашните и гетоизирани слоеви.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но сѐ уште не можев да разберам зошто токму заминувањето во Франција посебно ги возбудува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)