Телефонот упорно ѕвонеше и кога тој, сè уште нерасонет, ја подигна слушалката, во првите неколку мига не ни сфати што му кажуваат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Оној што не разбра за него се разбуди порано отколку што обично стануваше.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ако на западната страна ѕвездите, многу порано отколку што е вообичаено, се губат зад планините, свадби ќе има, машки деца, женски телиња.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Многу порано отколку што Профим претскажуваше, дојдоа несреќите.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кошавата таа есен со мразни шлаканици многу порано отколку обично, го најави доаѓањето на зимата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Веќе во петтиот месец, порано отколку другите деца, почна да го освојува просторот, слободата: лазеше низ одаите, низ целата куќа, а потоа и преку прагот на куќата во дворот; лазеше со таква брзина што на сите им влеваше страв.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Зимата дојде дури порано отколку обично, рамнодушна кон тоа дека имаше сè уште луѓе под шатори и во непоправени полуурнати куќи.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)