Иако, во тие куќи, порано имаше грчки знамиња.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Навистина, и порано имаше каури комити како Катар Ќаа, Геле Галишки, Мицко Мариовчето, Јосиф Радобилецот, прочуениот Корун, Мерџин, Стојче и Ристе од Вепрчани, Чанаккапидан, Наум капидан, Кара Коста и други, но тие со ништо не се разликуваа од турските и арнаутските качаци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Еднаш порано имам запишано дека и каде што се мноштво и каде што се само неколцина луѓе, се создава ист или сличен тип на односи при што присутни се и љубовта и омразата, и натпреварот, и зависта и настојувањето да се доминира, да се наложи власта од едни над други, присутен е стремежот да се создаде група, толпа, но во исто време и делби.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Гил беше мојот трезвен водич, т.е. лице кое порано имало искуство со ЛСД, а сега е тука да помогне и да биде водич ако затреба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Ако порано имаше даноци за пасишта, тревнина, десеток од свињи, десеток од пчели, па дури го имаше и оној што го закачи и него кога го одведе добичето на пасење желади, сега еве, би рекол да беше жив Бајко, сега еве, го има арачот, данокот за земја на немуслиманите, кој пак ги надминува сите поранешни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Запомнив дека, кога дозна каде ќе се копа, мајка ѝ на Надежда, старицата, рече дека имала слушано оти на тоа место и порано имало бунар, но многу, многу одамна.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Пампури се - рекоа тие кои порано имаа видено пампури.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Што се однесува до минусот, се надевам дека сепак ќе го прободам со една фина вертикала. Зошто ја направи изложбава, заради нарцисоидност, да ти објават фотка во локалниот безвреден весник? Можеби порано имаше и од тоа.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)